Екипата на МЗТ Скопје ќе се бори за шампионската титула против КК Маџари откако на решавачкиот трет натпревар убедливо го совлада Пелистер со 87:58.
Актуелниот шампион ја создаде клучната предност во третата четвртина, кога со одлична игра целосно го скрши отпорот на битолчани. По израмнетото прво полувреме, МЗТ одигра доминантно продолжение и рутински стигна до победата.
Најефикасен во победничкиот состав беше Марин Петков со 23 поени и седум асистенции, Танасковиќ постигна 20 коша, а Мекејден запиша дабл-дабл ефект. За МЗТ ова ќе биде 14. последователно финале во домашното првенство.











