Ракометниот клуб Вардар и официјално ја продолжи соработката со капитенот Гоце Георгиевски, кој стави потпис на нов договор за уште една година. Иако се најавуваше дека ќе ѝ стави крај на кариерата по истекувањето на актуелната сезона, сепак, искусното десно крило останува уште една година на теренот.
- Горди сме што Гоце ќе остане дел од Вардар и што токму тука ќе ѝ стави крај на својата блескава кариера. Веруваме дека заедно нè очекува уште поуспешна сезона – истакнаа од редовите на Вардар.
Гоце Георгиевски своевремено играше и за Металург, а зад себе има и богата интернационална кариера, настапувајќи за Тулуз и за Динамо Букурешт.











