петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР: Во мај 2026 пријавени 70,5 % повеќе кривични дела поврзани со...

МВР: Во мај 2026 пријавени 70,5 % повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство

8

Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година, и информираат од МВР.

Најголем дел од кривичните дела се „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела, додека од потешките кривични дела во овој период извршено е едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни повреди. Најголем број од кривичните дела од семејно насилство во овој период се пријавени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје – 62.

Во текот на минатиот месец Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави. И во овој дел има зголемување од 71,3% во однос на мај 2025 година. Мерки на кривичен прогон се преземени против 144 сторители, а како жртви на кривичните дела се 143 лица. Во овој период, по брза постапка поднесени се вкупно 18 кривични пријави, мерка притвор е одредена за 15 сторители, а за 48 лица се изречени мерки на претпазливост. Поднесените кривични пријави по брза постапка, споредбено со истиот месец од претходната година бележат зголемување за 800%.

Во мај 2026 година регистрирани се вкупно 19 прекршоци, најчесто за „физички напад“ и „карање и викање“, како и 499 поплаки, од кои најголем број се на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип.

ИЗДВОЕНИ