Социјалната мрежа „Икс“ порано позната како Twitter, денес се соочи со сериозни проблеми, при што корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со пристапот до до платформата, најавувањето и вчитувањето објави.
Податоците од Downdetector, услуга што ја следи достапноста на интернет услугите, покажаа нагло зголемување на поплаките, пренесува Крон4.
Корисниците пријавија дека веб-страницата и мобилната апликација се повремено недостапни, а пријавите доаѓаат од Соединетите Американски Држави, Европа и делови од Азија.












