сабота, јуни 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Можно е намалување на ДДВ за некои сезонски производи

Можно е намалување на ДДВ за некои сезонски производи

40

Владата размислува за мерки за стабилизирање на цените на храната, вклучително и можноста да се намали данокот на додадена вредност од 5 на 0 отсто за одредени сезонски производи, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека дневно се следат цените на одредени сезонски производи и во зависност од тоа како ќе се движат, ќе се реагира.

– Мерките што евентуално би ги презеле се за сезонските производи, кои веќе двојно ја намалија цената за една недела. Во зависност како ќе се движат, така ќе реагираме. Ние гo имаме на располагање ДДВ, затоа што маржата што ја имаат сега трговците и дистрибутерите според нас е под 15, а според нив е под 10 отсто – рече Мицкоски.

Тој потенцира дека Владата веќе испратила порака до трговците да не ги зголемуваат маржите, туку да ги намалуваат, со цел да се зголеми обемот на продажба и засега се почитува тоа.

– Предупредивме дека не смеат да ги зголемуваат маржите. Волуменот ќе им се зголеми ако се пониски цените – рече Мицкоски.

Тој додаде дека е продолжена кризната состојба и оцени дека државата се справува „убедливо најдобро во регионот“, посочувајќи дека мерките со намалување на ДДВ, кои претходно биле критикувани, сега се препорачуваат и на европско ниво.

ИЗДВОЕНИ