Велес и годинава ќе биде центар на мотослучувањата во Македонија. На 16 и 17 мај, кај езерото Младост, ќе се одржи традиционалната мотозабава во организација на здружението на граѓани Мотоклуб „Носачи на крстот МК“.
Од Општина Велес информираат дека на настанот ќе учествуваат над 1.000 мотоциклисти од земјава и од странство, кои на љубителите на мотокултурата ќе им приредат повеќе едукативни и забавни активности.
Општина Велес ги поканува сите граѓани и љубители на мотокултурата да присуствуваат и да уживаат на овој несекојдневен настан.












