четврток, август 6, 2026
Дома СКОПСКА Моторички парк на Водно – простори со природни препреки и реквизити

Моторички парк на Водно – простори со природни препреки и реквизити

1

Голем дел од здравите стебла од паднатите дрвја на Водно веднаш после невремето нема да завршат како отпад, туку ќе добијат нова намена. Од нив, на Водно се создава нов моторички парк – специјално уредени простори со природни препреки и реквизити за развој на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски истакна дека овој простор ќе биде наменет за децата, младите, но и за возрасните за рекреација, движење, дружење и повеќе време поминато во природа.

-На местото на паднатите дрвја се засадуваат нови садници, а во втората половина на месец септември ќе започнеме голема есенска акција за пошумување на нашиот град. Ова се само дел од активностите со кои му го враќаме сјајот на Водно – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој најави дека претходно се уредувале патеките и се обновувала урбаната опрема, која, како што кажа со години била оставена на забот на времето.

-Истовремено, на Водно и Матка веќе функционира Планинската спасителна служба, подготвена за брзи и професионални интервенции во планински услови, со што ја зголемуваме безбедноста на сите посетители – нагласи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ