петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Моша во „Паркот Јура“, со детски куфер на кој се нацртани диносауруси...

Моша во „Паркот Јура“, со детски куфер на кој се нацртани диносауруси – синот на Слаткар и Сања Николиќ го прослави шестиот роденден

59

Тие во целосна смисла на зборот ја живеат својата среќа како родители. Слаткар пред многу години изјавуваше дека постојано посакува да стане татко, и му се оствари таа желба пред шест години. Сања, пак, вели за него дека откако е татко, не се препознава, секако, во онаа позитивна смисла. Родителството го сфаќа не како обврска, туку како нешто што максимално го исполнува

Моша, синот на некогашната мис на Македонија, Сања Николиќ, и на познатиот репер Марко Маринковиќ-Слаткар, го прослави шестиот роденден. Забавата беше светска, во стилот на „Паркот Јура“, со диносауруси. Во тој стил беа и сите украси во игротеката каде што се славеше роденденот. На големата торта имаше голем диносаурус со натписот „Mosha’s World“, што асоцира на името на популарната филмска приказна за “Jurassic World”. Со самото тоа, имаше многу добра атмосфера на забавата, со еден куп пријатели и роднини на Сања и на Слаткар, другарчиња на славеникот, но и одличен избор на храна и пијалаци.

Тие двајцата со големи емоции го реализираа сето тоа, подготвувајќи ја роденденската забава. Во целосна смисла на зборот ја живеат својата среќа како родители. Слаткар пред многу години изјавуваше дека постојано посакува да стане татко, и му се оствари таа желба пред шест години. Сања, пак, вели за него дека откако е татко, не се препознава, секако во онаа позитивна смисла. Родителството го сфаќа не како обврска, туку како нешто што максимално го исполнува.Денес, шест години подоцна, сè е исто: денот, датумот и времето. „Среќен роденден, сине!“, напишаа емотивно Сања и Слаткар по повод на роденденот на својот син. Синот има необично, еврејско име, се вика Моша. Ни самите тие не знаат попрецизно да објаснат како им дошла идејата токму така да се вика. Но, голем број луѓе, кога ќе го слушнат тоа име, многу пријатно се изненадени. Велат, ем е необично, ем убаво, ем несекојдневно и ретко кој му дава на детето такво еврејско име во Македонија. Даваат други имиња, ама не Моша. Слаткар  радосно истакнува дека му купиле на Моша убав подарок за шестиот роденден, поради кој максимално се израдувал.

– Значи, му го погодивме вкусот. А, тоа е детски куфер на кој е закачен балон со бројот 6, на кој се нацртани диносауруси. Сања притоа објави и скриншот од својот мобилен телефон, од точното време на раѓањето на Моша: 10:28.

(Д. М.) фото: архива

 

ИЗДВОЕНИ