Моника Белучи истакна дека „како актерка, нема да снимиш повеќе од еден филм ако си само убавица како жена, бидејќи не вредиш ништо без талент и знаење“.
„Искрено, не ми е гајле за моите години, залудно е да се бориш против времето, апсолутно си осуден да загубиш. Треба да се сметаме за среќни што сме постари, особено ако сме опкружени со луѓе кои нè сакаат и ние ги сакаме. Работите што ме прават да се чувствувам жива и не го одразуваат времето кое поминува се моето семејство, моите пријатели и мојата страст за работа“, рече Белучи, во интервју што денеска го објави Политика.
„Она низ што поминавме за време на пандемијата нè принуди многумина од нас да ги преиспитаме своите ставови и да прифатиме дека човечките односи се најважното нешто што го имаме“, рече Белучи.
„Да станеш зрела жена е интересно и за мене како актерка, бидејќи имаш можност да играш различни улоги“, рече таа.
„Се менуваме физички, но во исто време, со искуство, можеме да кажеме и покажеме различни чувства и аспекти од животот“, објасни Белучи.
Одговарајќи на прашањето, таа рече дека „кога си убава, тоа е како да имаш маска“.
„Луѓето размислуваат за тебе на одреден начин без да се грижат за тоа кој си и каков си одвнатре. Секогаш си придружена од овој дуалитет и предрасуди како: „О, таа е убава, таа е глупава“, и мора да се справиш со тоа целиот свој живот“, рече Белучи.












