среда, јули 1, 2026
Дома СКОПСКА Модернизација на уличното осветлување во Аеродром

Модернизација на уличното осветлување во Аеродром

1

Општина Аеродром започна целосна модернизација на уличното осветлување на целата нејзина територија.

– Старите и дотраени светилки ќе бидат заменети со современо паметно ЛЕД-осветлување кое ќе овозможи поголема безбедност, подобра видливост и пониска потрошувачка на енергија – најавија од Општината.

Оттаму додаваат дека новото осветлување ќе ги опфати улиците, парковите, спортските и детските игралишта.

– Ова е уште еден чекор кон помодерен, побезбеден и поквалитетен Аеродром за сите граѓани – нагласуваат од локалната самоуправа.

 

 

ИЗДВОЕНИ