По повод 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош, во Младинскиот центар – Карпош се одржа презентација на еколошки проекти и младинско учество, посветена на улогата на младите во креирањето поодржлива и поинклузивна заедница.
Луна Китановска, од иницијативата „Екосошл воисис: Јут воисис“, зборуваше за важноста на младинскиот глас, активното учество и ангажманот на младите во општествените и еколошките прашања.
За значењето на циркуларната економија и практичните решенија за поинклузивен и одржлив развој говореше Стефани Пренкова, додека Сотир Габелоски, преку фотоизложба посветена на реализирани микроакции, ја истакна улогата на младите во создавањето поправеден систем на храна, поддршката на локалните производители и значењето на институционалната соработка. Настанот заврши со интерактивна дискусија, размена на идеи и можности за младинско вмрежување, со цел преточување на иницијативите во конкретни активности и промени.
Активноста ја реализираше „Екологик“, во рамките на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија“, финансиран од Европската Унија, а спроведен од „Пипл ин нид“ (ПИН), во партнерство со „Леад“, „Арно“ и „Ековита“.












