среда, ноември 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Одбележување на 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Неготино

Одбележување на 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Неготино

2

Со низа активности кои ќе се одвиваат од петок до недела ( 6 – 8 ноември ), Oпштина Неготино ќе го одбележи најголемиот празник, 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Неготино.

Настаните започнуваат в петок, со доделување ваучери за новороденчиња, следува турнир во гол-бал и турнир во табла, а ќе се одржат и традиционалните улични трки за учениците од основните и средното училиште.

В сабота ќе започне Градското првенство во брзопотезен шах, во Музејот на градот ќе има изложба на ликовни уметници од општината, а во вечерните часови, центарот на Неготино ќе го осветлат вечерните факели.

Централните настани ќе се одржат в недела на 8 Ноември, со прием во кабинетот на градоначалникот на Општина Неготино и положување цвеќе на спомен бистите на паднатите борци во НОБ, по што следува одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино во Центарот за култура во 11:00 часот.

Во рамките на празничната програма ќе се одржи и манифестацијата „Неготинско младо вино“ во Старата градска чаршија со штандови на кои ќе бидат изложени и ќе можат да се дегустираат производи карактеристични за нашата општина, а ќе има и богата забавно музичка програма.

Од Општината ги покануваат сите граѓани да присуствуваат на настаните од тридневната програма и да бидат дел од одбележувањето на празникот на Општина Неготино.

ИЗДВОЕНИ