„Системот страшно ни работи“, вели за весникот Вечер, член на семејството на 17 годишната девојка која е пронајдена мртва во запален автомобил во Богданци. Покрај возилото е пронајдено мртвото тело на нејзиното 21 годишно момче, кој неофицијално се обесил откако ја запалил младата девојка. Претходно бил пријавуван дека ја малтретира, потврдува истрагата. Од Обвинителството велат дека дека првично станува збор за убиство и самоубиство.
„Издадена е наредба за обдукција на телата, обезбедени се снимки од видеонадзорот и се обезбедуваат докази„велат од ОЈО и потврдуваат дека на 16 октомври против момчето имало пријава за загрозување на сигурноста, а имал и мерки за заштита од семејно насилство.
Во полицијата било пријавено во вторникот доцна попладне.
„На место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот„ информираат од МВР
Полицијата потврдува дека на на 30.09.2026 околу 21:00 часот имало пријава дека во неговиот дом физички ја нападнал 17-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во известувањето на МВР. (П.А.)












