На 05.06.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Атанас Митрев“ во Скопје, патничко возило „опел вектра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Скопје, удрило во 78-годишната С.О. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.О., констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.












