Иранското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека САД „не само што немаат волја да ги намалат тензиите и да се вратат на патот на стабилноста, туку со своите авантуристички потези сериозно ја загрозуваат безбедноста на регионот“.
Министерството го осуди американскиот напад врз крајбрежните радарски и надзорни објекти во регионот Сирик и на островот Кешм, наведувајќи дека со ова се крши прекинот на огнот, објави новинската агенција „Мехр“.
Додадено е дека САД ја носат одговорноста за последиците и влијанието на овие дејствија.
Министерството „силно ги повика земјите од регионот да го почитуваат принципот на добрососедски односи и да се придржуваат до фундаменталниот принцип на меѓународното право, што вклучува воздржување од дозволување на агресорите да ја користат нивната територија и инфраструктура за планирање и спроведување агресивни дејствија против Исламската Република Иран“.












