петок, септември 18, 2026
Дома МАГАЗИН Мише Боев си ја исполни дамнешната желба: со раширени раце покрај бистата...

Мише Боев си ја исполни дамнешната желба: со раширени раце покрај бистата на Доменико Модуњо, таткото на италијанската канцона 

1

Познатиот македонски музичар, Мише Боев!

Во малото италијанско место, селото на белите куќи во Полињано а Маре, во близината на градот Бари, каде што во далечната 1928 година е роден Доменико. И секако дека прекрасната фотографија за траен спомен не изостана. Од самата слика се гледа дека Мише ја направил истата поза што секогаш ја правеше и Модуњо на сцената, предизвикувајќи делириум кај обожавателите

 Еден од најистакнатите македонски музичари, кларинетист и саксофонист, поранешен член на познатата фолк-група „Кате и нели ти реков“, со долгогодишно творештво не само на македонската туку и на српската и на хрватската музичка сцена, Мише Боев, деновиве, го искористи летниот одмор за да го посети родното место на легендарната ѕвезда и таткото на италијанската канцона, Доменико Модуњо, кој нагалено бил ословуван со прекарот Мими.

Овој многу темпераментен италијански пејач светот го памти по мегахитот „Воларе“, победник на фестивалот „Сан Ремо“ (или во оригинал „Nel blu dipinto di blu”-„Сино обоено во сино“), кој потоа стана евергрин и кој и денес се пее насекаде, од Токио преку Москва до Њујорк, и му е инспирација за создавање добра атмосфера на нашиот Боев, кој е роден во Кавадарци, а кој веќе повеќе од две децении живее и создава музика во Скопје.

Боев, дипломирал на Академијата за џез, на катедрата кај познатиот професор Гоце Змичанец. Особено значаен дел од неговото творештво е соработката со  маестрото на хармоника, Милан Завков. Оттаму и неговиот одличен вкус за квалитетната музика, особено во квалитетот на песните на Доменико, кој како пејач останува вечно да трае во светската музика.

За да си ја исполни дамнешната желба, Мише пред неколку дена се упати во малото италијанско место, селото на белите куќи, во Полињано а Маре, во близината на градот Бари, каде што во далечната 1928 година е роден Доменико. И секако дека не изостана прекрасната фотографија, траен спомен покрај бистата на Модуњо. Од самата слика се гледа дека Мише направи иста таква поза со широко раширени раце, каква што италијанскиот пејач најчесто правеше на сцената. Модуњо, за жал, почина релативно рано, на 66-годишната возраст, од последиците од инфаркт на островот Лампедуза, во куќата со поглед на море.

(Дуле Миќиќ) 

 

ИЗДВОЕНИ