Легендарниот ММА-борец Мирко Филиповиќ (51), попознат како „Кро Коп“, откри дека добил шокантна понуда за борба против Франсис Нгану – но неговата реакција беше типично во негов стил, со доза хумор и реализам.

Филиповиќ, кој последен пат официјално се бореше во 2019 година, иако сè уште е во одлична форма, не можел да поверува кога слушнал за можниот дуел. Дури се пошегувал прашувајќи дали станува збор за шах, пливање или „вистинска борба“.

Кога му било потврдено дека станува збор за ММА-меч, „Кро Коп“ возвратил со легендарен одговор: побарал 500.000 долари за себе, но уште 19,5 милиони „за да го плати изразот на лицето на мајка му“ кога ќе слушне против кого треба да се бори.

Со оваа изјава, Филиповиќ јасно стави до знаење дека иако е активен и тренира, свесен е за ризикот од ваков меч против еден од најопасните нокаутери во тешка категорија како Нгану.

Дополнително, истакна и дека понудата дошла премногу доцна, без доволно време за подготовка, па целата ситуација ја оцени како нереална – дури и апсурдна.

ИЗДВОЕНИ