вторник, август 18, 2026
Дома СКОПСКА Минатата недела отстранети 675 кубни метри отпад од диви депонии

Минатата недела отстранети 675 кубни метри отпад од диви депонии

1

Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, минатата недела подигнале и транспортирале 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

– Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 130 кубни метри отпад од диви депонии – соопштија од претпријатието.

Притоа, додаваат дека нивната екопатрола минатата недела изготвила 28 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број записници – вкупно 17, биле врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Од претпријатието потсетуваат дека продолжуваат на жителите на градот Скопје да им ја нудат можноста својот кабаст отпад, во кој спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок, да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

– Доколку граѓаните имаат потреба ЈП „Комунална хигиена“ со специјални комунални возила да го преземе и да го транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на претпријатието.

 

ИЗДВОЕНИ