вторник, август 18, 2026
Дома СКОПСКА Градинката во Инџиково ќе биде отворена кон крајот на септември

Градинката во Инџиково ќе биде отворена кон крајот на септември

1

Кон крајот на септември, градинката во Инџиково ќе ги отвори вратите за најмалите. Веста на „Фејсбук“ ја објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој денеска изврши увид во градежните работи за изградба на објектот.

Притоа, информираше дека во моментов на терен се реализираат активности за партерно уредување на дворот, по што ќе следува поставувањето на опремата.

Градинката е со капацитет за 48 дечиња, од кои 36 на возраст од 21 до 6 години, додека 12 ќе бидат сместени во јасли. Објектот е на површина од 490 квадратни метри. Располага со: три занимални, кујна, помошни технички простории, простории за администрацијата и мултифункционален простор за активности. Греењето е решено со топлотни пумпи – енергетски ефикасно и современо решение.

Вредноста на договорот за изградба на оваа градинка изнесува 47.500.000 денари. Средства се обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

ИЗДВОЕНИ