понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Владата останува на ставот, Клиничкиот центар во Скопје треба да се...

Мицкоски: Владата останува на ставот, Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

23

Владата останува на ставот дека клиничката болница во Скопје треба да се гради во близнина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение.

Ова денеска го потврди премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите.

– Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница 8 Септември. Тука ни е пет-центарот и поликлиниката Букурешт и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс, рече Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека со сопственикот на таа приватна парцела преговараат да се направи трампа земја за земја и да се види до каде ќе се стигне. Досега, како што рече, е задоволен од тоа како течат преговорите.

Мицкоски најави дека продолжува и реализација на изградбата на Клиничката болница во Штип, заедно со Медицински факултет и студентски дом, како и Клиничката болница во Тетово и Здравствен дом со проширена дејност во Кичево.

ИЗДВОЕНИ