понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Невреме ги зафати Охрид и Струга попладнево – силниот ветер предизвикал дефект...

Невреме ги зафати Охрид и Струга попладнево – силниот ветер предизвикал дефект на далекуводот кој ги поврзува двата града, снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано

47

Силно невреме проследено со поројни дождови попладнево ги погоди Охрид и Струга, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија и проблеми на повеќе улици.

Во Охрид поплавени се десеттици улици.

И во двата града поради невремето е забележан прекин на струја, а од МЕПСО информираа дека дошло до дефект на далеководот кој ги поврзува Охрид и Струга.

Според информациите голем дел од објектите и домаќинствата повторно се вратени на електричната мрежа а остануваат да се средат уште неколку помали дефекти.

ИЗДВОЕНИ