Големиот Лионел Меси се збогуваше со дресот на Аргентина во вторник вечерта на натпреварот против Бенин на стадионот Монументал во Буенос Аирес, каде придонесе кон убедливата победа од 3-0 за Аргентина, со еден гол и две асистенции.
На збогувањето на Меси можевме да видиме секакви работи, но речиси сите пропуштија еден детаљ на неговиот дрес. На задната страна, броевите 1 и 0 што го сочинуваат неговиот број 10 се нацртани со рогови што алудираат на неговиот прекар „GOAT“ (Најголем на сите времиња), а познато е дека „goat“ значи и „коза“ на англиски, па затоа ова животно со текот на времето стана еден од симболите.
View this post on Instagram












