петок, ноември 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Засадени 40 садници топчеста каталпа кај  „Билјанини Извори“

Засадени 40 садници топчеста каталпа кај  „Билјанини Извори“

1

Како дел од петтата акција за пошумување „Сончева Гора“, во околината на „Билјанини Извори“ се засадени 40 садници од видот Catalpa nana (топчеста каталпа).

Активноста е дел од заложбите за унапредување на зеленилото и подобрување на квалитетот на животната средина, а се надоврзува на успешната реализација на еколошката акција  „Генералка викенд“, во која граѓаните на Охрид активно се вклучија во собирањето отпад и подигнувањето на еколошката свест.

Акцијата за садење беше реализирана во соработка со Општина Охрид и претставници на партнерите на проектот.

Благодарение на заедничкиот придонес на официјалните партнери на „Генералка викенд“, општествено одговорни компании и приватни донатори, годинава се засадени вкупно 5.000 дрвја во 19 општини низ Република Македонија.

 

ИЗДВОЕНИ