петок, ноември 27, 2026
Дома РАЗНО Цел Карпош со Лед светилки

Цел Карпош со Лед светилки

2

Општина Карпош ја започна последната фаза од акцијата за замена и поставување нови штедливи ЛЕД-светилки на повеќе локации низ општината.

-Во тек е инсталирање на 450 нови светилки, со што ќе биде заокружен процесот на покривање на целата територија на локалната самоуправа со современо и енергетски ефикасно јавно осветлување  – информираат од Општита.

Оттаму нагласуваат дека со реализацијата на оваа активност, жителите на Карпош ќе добијат подобро и поквалитетно улично осветлување, поголема видливост и побезбедно движење во вечерните и ноќните часови.

-Истовремено, примената на ЛЕД- технологијата ќе придонесе за значителна заштеда на електрична енергија и намалување на емисијата на штетни гасови, што претставува важен чекор кон поодржливо и еколошки одговорно урбано живеење – наведуваат општинските власти.

Инаку, Општина Карпош од 2023 година интензивно работи на модернизација на системот за јавно осветлување, при што досега се заменети старите светилки со околу 5.000 нови штедливи ЛЕД-светилки.

ИЗДВОЕНИ