Германскиот канцелар Фридрих Мерц оценува дека во Русија расте подготвеноста да признае дека преговорите за постигнување мир во Украина не можат да се водат без учество на Европа.
– Тоа е, пред сè, добра вест. Дали ќе продолжи таквиот тренд, останува да се види. Тоа во голема мера ќе зависи од разговорите што ќе се одржат во наредните денови, рече Мерц на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Даблин, пренесе „Ројтерс“.
На 10 и 11 ноември, во Абу Даби се одржа трилатерален состанок САД – Русија – Украина, без решение за крај на војната. Но, американските преговарачи оценија дека и Европејците треба да бидат на маса, доколку се согласи Путин.
Вчера, делегација на САД беше на разговори во Москва, а потоа замина за Даблин, на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. На самиот во Даблин, вчера беа собрани околу 50 европски и светски лидери, а во фокусот на нивните разговори беше војната во Украина и можностите за постигнување договор за мир.












