петок, јуни 26, 2026
Дома СКОПСКА Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Паркот...

Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Паркот на франкофонијата 

18

Во Паркот на франкофонијата, утре, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација  „Cruise Cult – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и од Министерството за култура и туризам.

Од Општина Центар информираат дека на настанот, кој е во организација на „Cruise Cult“ и на ЦСУ, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и од Македонија.

– Посетителите ќе имаат можност да разгледаат уникатни примероци на мотоцикли во повеќе категории, уметнички дела, односно цртежи изработени на самите мотоцикли, а ќе бидат доделени и награди (вредносни ваучери од спонзори) за најдобрите примероци на мотоцикли во различни класи – соопштија од Општината.

Програмата ќе биде збогатена и со настапите на блуз и на рок-групите: „In The Mood & Band“, „Eruption“ и „Saigon“.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани сите граѓани, а, пред сè, љубителите на моторите, да го посетат овој атрактивен настан и да се препуштат на едно посебно искуство на дружење, добра музика и уметност.

ИЗДВОЕНИ