Рускиот тенисер Даниил Медведев, имаше многу проблеми да дојде до Индијан Велс. Медведев беше „заробен“ во Дубаи по американско-израелските напади врз Иран. Затоа отиде во Калифорнија преку Оман и Турција.
„Пристигнавме во Оман со автомобил. Некои имаа среќа да стигнат за четири и пол часа, други возеа девет, ние возевме седум. Нашиот возач не можеше да го најде пасошот. Ние бевме единствените што ја преминаа границата, се свртевме и се вративме во ОАЕ. Тој го најде пасошот на паркингот, па се вративме во Оман“, рече Медведев.
„Ако го опиѓам патувањето детално, тогаш секако звучи необично. Како во некој холивудски филм. Преминување на границата со други луѓе, првата посета на Оман. Пристигнавме во Оман (Хачанов, Рубљов и јас) одделно, а потоа заедно летавме за Истанбул и Лос Анџелес“, рече Русинот.












