Тренерот на Њујорк, Мајк Браун, ги критикуваше судењето на натпреварот против Оклахома и симулирањето на првата ѕвезда на Тандер и моментален МВП на лигата, Шаи Гилџус-Александар.

Оклахома славеше во „Медисон сквер гарден“ со 103:100, со неколку контроверзни судиски одлуки. По една од нив, на Браун му беше досудена техничка грешка. Тренерот на Никс жестоко протестираше кај судиите, затоа што беше убеден дека не досудиле фаул во напад на Гилџус-Александар, што автоматски ќе беше трет личен фаул во првата четвртина. Тој зборуваше за таа ситуација и за судењето воопшто, но и за третманот што го добиваат Оклахома и МВП-играчот од судиите.

– Шеј е тежок за чување и навистина е добар во убедувањето на судиите, веројатно подобар од кој било друг во лигата – истакна Браун.

ИЗДВОЕНИ