Британскиот премиер Кир Стармер може да испрати илјадници дронови-пресретнувачи на Блискиот Исток за да помогне во повторното отворање на Ормутскиот теснец и зајакнување на британската одбрана во регионот, објави британскиот „Телеграф“.
Весникот објави дека британските воени претставници испитуваат дали системот за пресретнувачи на дронови „Октопус“, кој се произведува во Велика Британија за Украина, би можел да се користи и за зајакнување на британската одбрана од иранските дронови „Шахид“.
Портпаролот на британското Министерство за одбрана изјави за „Скај њуз“ дека британските претставници во моментов разговараат за низа опции со сојузниците за да се обезбеди безбедноста на навигацијата во регионот на Блискиот Исток.












