Ако по утрото денот се познава, ова ќе биде доминантна сезона за тимот на Мерцедес. По двојната победа во Австралија (Расел победи пред Антонели), исто сценарио видовме и на трката за Големата награда на Кина, само што сега на победата се радуваше Кими Антонели.
На подиумот им се придружи Луис Хамилтон, што ќе го израдува седумкратниот шампион по цела година без пласман на подиумот. Зад него беше тимскиот колега Шарл Леклер, со кого водеше жестока битка поголемиот дел од трката.
Новата ера на Формула 1 ни донесе возбудлива трка, но исто така јасно покажа дека Мерцедес во моментов е неспоредлив, па Антонели стана првиот Италијанец по Џанкарло Физикела кој победил на трка во Формула 1.
Исто така Антонели е и вториот најмлад победник на трка во Формула 1, па оваа трка во Кина стана историска поради тоа, и беше хаотична во многу погледи.
Актуелниот шампион, тимот на Мекларен, ги повлезе двата автомобили поради проблеми со електрониката, што е најголемото разочарување на оваа трка.











