Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси блеска на стартот од Светското првенство со три постигнати гола, но неговиот настап против Алжир отвори и голема судиска контроверзија.

Во 30. минута од натпреварот, Меси беше во центарот на спорна ситуација по која дел од јавноста смета дека требало да добие директен црвен картон. Сепак, ниту главниот судија ниту ВАР-собата не реагираа, што предизвика бројни дебати во фудбалските кругови.

Меѓу оние што јавно коментираа за случајот е и легендарниот бразилски бек Марсело, кој не го криеше своето незадоволство од судиската одлука.

  • Понекогаш кога гледате вакви работи, сфаќате дека е вмешана политиката, но не може ништо да кажете – изјави Марсело.

Поранешниот ас на Реал Мадрид потоа додаде дека, според него, ситуацијата била јасна.

  • Секој што гледа и разбира фудбал знае дека ова е црвен картон, но судиите го игнорираа од која било причина – порача Марсело.

Неговите зборови дополнително ја разгореа дебатата околу арбитражата на Мундијалот и третманот што го добива една од најголемите ѕвезди во историјата на фудбалот.

ИЗДВОЕНИ