понеделник, септември 21, 2026
Дома СКОПСКА Марко Стојановиќ од училиштето „Братство“ прв на меѓународниот младински турнир во шах,...

Марко Стојановиќ од училиштето „Братство“ прв на меѓународниот младински турнир во шах, „Lake Queen“

0

Ученикот Марко Стојановиќ од основното училиште „Братство“ го освои првото место на меѓународниот младински турнир во шах, „Lake Queen“ во Струга.

-Овој значаен резултат е уште една потврда дека талентот, посветеноста, дисциплината и вложениот труд носат врвни резултати. Марко е пример за младите дека со упорност и љубов кон она што го работат, може да се постигнат значајни успеси и да се претстави своето училиште и општина на најдобар начин. Горди сме на нашите ученици кои постојано нè радуваат со своите достигнувања и успеси. Како и досега, продолжуваме да ги поддржуваме, охрабруваме и поттикнуваме младите да го развиваат својот потенцијал и да ги остваруваат своите соништа – соопштија од Општина Карпош.

ИЗДВОЕНИ