Со реконструкцијата е извршена санација и обновување на водоводната и на електричната мрежа, извршена е санација на делови од архитектурата, уредување на санитарните јазли и соблекувалните, како и на теренот и придружните елементи.
– Велес е спортски град и заслужува место меѓу градовите каде што се одржуваат големи настани и ние како Влада и како Министерство за спорт секогаш ќе бидеме тука да ги подобруваме условите. Не се работи само за професионалниот спорт, оваа сала ќе ја користат и рекреативци и дечиња кои почнуваат да се занимаваат со спорт и наша обврска е да им овозможиме што е можно подобри услови – истакна министерот за спорт, Борко Ристовски

Култната спортска сала „Гемиџии“ во Велес, која со години беше во незадоволителна состојба, наскоро ќе добие целосно обновен и функционален изглед. Работите се одвиваат во две фази и според предвидената динамика.
Со реконструкцијата е извршена санација и обновување на водоводната и на електричната мрежа, извршена е санација на делови од архитектурата, уредување на санитарните јазли и соблекувалните, како и на теренот и придружните елементи.
– Ова е една значителна поддршка од Владата преку Министерството за спорт за отпочнување на реконструкцијата на оваа спортска сала во делот на соблекувалните, електричната и водоводната инсталација. Верувам дека ќе влезе во програмата на Министерството за спорт и за следната година за спортскиот дел од салата, промена на подот и сите оние придружни елементи што се потребни за Велес повторно да биде домаќин на големи домашни и меѓународни натпревари. Тоа не е само во интерес на граѓаните на Велес, туку е во интерес и на цела Македонија. Велес е спортски град и заслужува место меѓу градовите каде што се одржуваат големи настани и ние како Влада и како Министерство за спорт секогаш ќе бидеме тука да ги подобруваме условите. Не се работи само за професионалниот спорт, оваа сала ќе ја користат и рекреативци и дечиња кои почнуваат да се занимаваат со спорт и наша обврска е да им овозможи што е можно подобри услови. Токму затоа, обновата на спортската инфраструктура низ целата држава е еден од приоритетите на Министерството за спорт како основа и главен предуслов за развој на спортот – истакна министерот за спорт, Борко Ристовски кој заедно со градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев извршија увид во градежните активности на објектот.
Салата „Гемиџии“ е значаен спортски објект за Велес и за Македонија и е место каде што тренирале и се натпреварувале многу генерации спортисти. Со реконструкцијата, салата повторно се враќа во функција, во нов лик и достојни услови за развој на спортот и на младите велешки спортисти. Вкупната вредност на проектот изнесува 22.9 милиони денари. Од нив, 15.7 милиони денари се обезбедени од Владата преку Министерството за спорт, додека 7.2 милиони денари ги обезбедува Општина Велес.
Вложувањето во спортската инфраструктура останува еден од приоритетите на Владата и на Министерството за спорт. Во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, во изминатите две години се реализирани над 70 инфраструктурни проекти низ целата држава. Шест спортски сали се целосно реконструирани или се во фаза на реконструкција, а започната е и изградбата на три нови спортски сали – салата на Воената академија, спортската сала во Аеродром кај ФФМ во Скопје и спортската сала во Крушево.
Министерството за спорт продолжува со реализација на проекти за модернизација и унапредување на спортската инфраструктура, како основа за развој на македонскиот спорт, создавање подобри услови за тренинг и натпревари за спортистите низ целата држава и, пред сѐ, за младите генерации.












