Во претходните епизоди на подкастот гостите на Марија ѝ беа: Калина Серафимоски, Ава Керш (сопругата на Пепи Бафтировски) и пејачот Кирил Митоски. Родени, донесени или преселени, во подкастот ,,Марија во Америка”, јавноста ќе се запознава и со познати и со непознати Македонци кои имаат уникатна, инспиративна и интересна животна приказна, за да ја споделат со сите нас
Своевремено беше мошне позната (естрадна) новинарка во Македонија. Потоа се повлече од нашите медиуми, но само затоа што самата си “пресече“ (додуша, најмногу по иницијативата на мајка си, на која треба да ѝ биде многу благодарна). Таа е новинарката Марија Главчева која се пресели да живее и работи во Чикаго, САД. Таму е повеќе од 10 години. Сега е во среќен брак и има две златни дечиња. Марија и од далечина преку “Големата бара“ постојано ги следи случувањата во родната татковина, а ја следи и македонската музичка сцена. Успеа и од таму, благодарејќи и на новата технологија да се наметне со својот подкаст со интересен наслов “Марија во Америка“. Идејата за „Марија во Америка“ ја добива пред неколку години. Нејзините гостите се исклучиво Македонци кои зборуваат на македонски јазик.

-Секој Македонец кој живее во Америка има некоја своја интересна приказна која сака да ни ја раскаже. Убава или не, позитивна или не, сеедно. Таков е животот. Луѓето поминуваат низ секакви премрежја за да дојдат до она што се денес:нашинци кои живеат преку Океан, а сакаат да прават подобро утре за себе и своите најблиски.
Не е лесно да градиш дом подалеку од родното место, од татковината, кој по некаква причина си го напуштил, вели шармантната Марија. Родени, донесени или преселени, во овој подкаст ,,Марија во Америка”, јавноста ќе се запознава и со познати и со непознати Македонци кои имаат уникатна, инспиративна и интересна животна приказна, за да ја споделат со сите нас.
-Живеејќи повеќе од 10-тина години во Америка, слушајќи секојдневно разни случки на нашите овде, сфатив дека она низ што поминуваат Македонците за да стигнат до она што се, до она што го имаат, не е ни најмалку лесно. Треба јавноста да дознае за маките, за проблемите, за убавите работи. Треба да се знае како е да се живее, работи, гради фамилија и кариера во Америка, ветената земја во која не течат мед и млеко, искрено објаснува изјави Марија Главчева, авторка и водителка на подкастот, за весникот ВЕЧЕР кој во Македонија тогаш ѝ беше најчитан дневен весник, а кој за жал не се дистрибуира кај нашите во дијаспората. Но, затоа тука е вели, секогаш нејзиниот многу омилен порталот vecer.press
Подкастот можете да го гледате и на YouTube каналот “Марија во Америка“.
Гостин во најновата епизода е македонскиот свештеник Тони Јошевски кој е отец во црквата св. Кирил и Методиј во околината на Чикаго. Јавноста ќе дознае како се станува македонски поп во Америка и како се живее како таков. Односно ќе ја дознае животната приказна на отец Тони, кој потекнува од битолското Баиро, а денес е свештеник за чија добрина, големина и широчина знае целата наша дијаспора.
Во претходните епизоди на подкастот гостите на Марија ѝ беа: Калина Серафимоски, Ава Керш (сопругата на Пепи Бафтировски) и пејачот Кирил Митоски. Публиката ќе може да очекува нови изданија (стиснете само на Subscribe-опцијата на каналот “Марија во Америка“ на YouTubе или следете ја на социјалните мрежи Инстаграм и ФБ.) Допрва за својот живот во Америка ќе зборуваат и нам добро познатите: Александра Пилева, Васил Гарванлиев, Илија Илов и многу други.
Дуле Миќиќ












