петок, септември 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Малолетници соблекле шестгодишен ученик во кочанско училиште и го снимале

Малолетници соблекле шестгодишен ученик во кочанско училиште и го снимале

37

Малолетници соблекле шестгодишен ученик во Кочани и го снимале со смарт часовник, информираше Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете, информира полицијата.

Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ