Автобус излетал од патот околу 13:30 часот во близина на Стенче, објави Тетово Инфо. Според првичните неофицијални информации возилото било празно, немало патници во моментот на незгодата, сведочат граѓани за порталот.
Од тетовската полиција за весникот ВЕЧЕР велат дека настанот не е пријавен во полиција, но службеници се излезени на терен и се во потрага по возачот бидејќи е направена штета на банкината. Среќа што автобусот бил празен и најверојатно се работи за општински . СВР Тетово работи на расчистување и откривање на причините на несреќата. Селото Стенче припаѓа на општината Брвеница. (П.А.)











