понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Малолетничка уценувана од поранешното момче со експлицитни фотографии, доколку не ја продолжат...

Малолетничка уценувана од поранешното момче со експлицитни фотографии, доколку не ја продолжат врската

89

Малолетничка од Скопје била уценувана од поранешното момче со кое била во врска.

Според информациите од МВР, на 21 април 2026 година во 19:40 часот во СВР Скопје, 48-годишно лице пријавило дека неговата малолетна ќерка била уценувана од малолетник со кој претходно била во врска. Според пријавата, тој ѝ се заканувал дека доколку не ја продолжи врската, ќе објави експлицитни фотографии од неа.

За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

ИЗДВОЕНИ