понеделник, јуни 8, 2026
Дома СВЕТ Откритие на Си-ен-ен: „Академија за силување“ нуди снимки од напади врз онесвестени...

Откритие на Си-ен-ен: „Академија за силување“ нуди снимки од напади врз онесвестени жени и совети како да ги дрогираат

147

Си-ен-ен разоткри онлајн „академија за силување“, односно интернет- заедница во која мажи споделуваат видеа од дрогирање и од сексуални напади врз сопствените сопруги или партнерки, разменуваат совети за седативи и дози, па дури и пренесуваат силување во живо за надоместок од 20 долари за гледач, во криптовалути.

„Академијата“ функционира преку американската порностраница „Мадрлес“, која во февруари лани имала околу 62 милиони посети. Според истрагата на Си-ен-ен, достапни се повеќе од 20.000 видеа означени како „содржина со спиење“, со снимки на жени во несвест или под дејство на седативи, а прегледите надминуваат 50.000. На некои од нив, мажите им ги подигаат очните капаци на жените за да покажат дека не се во свесна состојба.

Експертите предупредуваат дека употребата на лекови за спиење и седативи од страна на сторителите станува сè почеста, што дополнително ги отежнува истрагата и казнувањето. Познат е случајот со Французинката Жизел Пелико, која мажот со години ја дрогирал и онлајн повикувал мажи да ја силуваат. Тој беше разоткриен случајно и сега издржува затворска казна.

ИЗДВОЕНИ