Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да иницира изготвување на европски закон со кој ќе се забрани пристапот до социјалните медиуми за лица под 15 години, објави агенцијата „Франс-прес“.
Во своето писмо, Макрон повика на преземање мерки за „заштита на сите деца во Европската Унија“, нагласувајќи дека смета на „експертизата и активното учество“ на службите на Европската комисија во оваа задача.
Францускиот претседател оцени дека постојните правила повеќе не се доволни и дека е потребно да се воспостави единствено решение што ќе се применува во сите земји-членки на ЕУ.
„Денес е потребно да се оди понатаму и да се хармонизираат правилата преку нов европски текст“, рече Макрон, предлагајќи да се воведе забрана за пристап до платформи на социјалните медиуми за лица под 15 години на ниво на ЕУ.
„Ситуацијата бара итна акција“, нагласи францускиот претседател во писмо до Урсула фон дер Лајен.












