Полицијата во Милано уапси маж (41) од албанско потекло кај кого беа пронајдени околу 70 килограми кокаин, 200 грама хашиш и 170.000 евра во готово.
Тој беше уапсен на 5 септември, по операција за надзор, бидејќи беше осомничен за трговија со наркотици, јавува агенцијата AdnKronos.
Тој беше уапсен на периферијата на градот во станот каде што престојувал, каде што беше пронајдена дрогата. Во акцијата беа запленети два мобилни телефона, часовник „Ролекс“ и златна нараквица, јавува „Танјуг“.












