четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ Макрон откри дека не служел во војска: Да служев, ќе ја одбрав...

Макрон откри дека не служел во војска: Да служев, ќе ја одбрав пешадијата

25
Фото: EPA/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека ако служел во војската, ќе ја одбрал пешадијата како свој род на војската.

Макрон ја даде изјавата за време на церемонијата по повод годишнината од историскиот повик на генералот Шарл де Гол за отпор кон нацистичка Германија во Втората светска војна во меморијалниот комплекс Мон Валериен за време на разговор со граѓаните, кога еден од присутните го праша дали се кае што не служел во војската, објави „Ле Фигаро“.

Макрон, одговарајќи на прашањето, рече дека припаѓа на првата генерација Французи кои не биле обврзани да служат во војската.

Кога го прашаа кој род на војската би го одбрал доколку имал можност, претседателот, како што објави „Ле Фигаро“, „без двоумење“ одговори дека би ја одбрал пешадијата.

Зборувајќи за укинувањето на задолжителната воена служба во 1996 година, Макрон оцени дека одлуката не била грешка и дека на француските вооружени сили им е потребна професионализација.

Сепак, тој нагласи дека укинувањето на воената служба отстранило еден од важните елементи што придонеле за националното единство.

Макрон повтори дека Франција планира да ги зајакне резервните сили и да развие нов модел на доброволна национална служба, оценувајќи дека таков систем би бил соодветен одговор на современите безбедносни предизвици, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ