Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство откако во последното коло од групата Б го совлада Израел со убедливи 3:0. Избраниците на Јошко Миленковски одиграа сигурен натпревар и во најголем дел го контролираа резултатот. Македонија го доби првиот сет со 25:21, иако Израел успеа да стигне до 19:19. Во вториот сет, направи клучна серија по резултатот 12:12 и славеше со 25:23, за водство од 2:0. Во третиот сет, повторно беше подобра, а по водството од 14:10, не му дозволи на противникот да направи целосен пресврт. Конечните 25:22 значеа убедливи 3:0.

Со оваа победа, Македонија го заврши шампионатот со еден триумф и со четири порази, доволно за петтото место во групата. Поразот од Португалија се покажа како клучен во борбата за пласман во осминафиналето.

За македонските одбојкари, ова беше четврто последователно учество на Европското првенство, а за дел од искусните репрезентативци, веројатно, и последен настап на него.

ИЗДВОЕНИ