Руското дизел гориво понекогаш влегува на европскиот пазар под различни брендови, и покрај ограничувањата за набавка на нафтени деривати од Русија, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.
Одговарајќи на прашање од новинарот на „Вести“, Павел Зарубин, во врска со можноста Европа да набавува руски гас преку трета земја, рускиот вицепремиер го наведе примерот со руското дизел гориво.
„Вакви случаи се можни бидејќи, иако Европа ја забрани набавката на руска нафта и нафтени деривати, гледаме дека рускиот дизел понекогаш се појавува во Европа под други брендови“, објасни Новак, пренесува ТАСС.
Новак, исто така, укажа на ниското ниво на резерви на гас во европските подземни складишта пред почетокот на зимата.
„Историски гледано, резервите во подземните складишта за гас моментално се на најниско ниво, а како Европејците ќе се справат со зимата – тоа ќе биде сосема друга приказна“, заклучи тој.











