Најтрофејниот тенисер Новак Ѓоковиќ, официјално потврди дека ќе настапи на АТП турнирот во Пекинг, кој ќе се одржи од 30 септември до 6 октомври. Иако српскиот тенисер претходно беше пријавен за учество, се чекаше неговата конечна потврда, која сега и официјално пристигна.
„Многу сум среќен што можам да објавам дека по многу години се враќам во Пекинг. Возбуден сум што повторно ќе играм пред вас во Националниот тениски центар. Тоа е место каде што имам неверојатни спомени и големи успеси во кариерата. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи во Кина за нивната постојана љубов и поддршка низ сите овие години. Едвај чекам повторно да играм пред вас“, порача Ѓоковиќ преку социјалните мрежи.
Ѓоковиќ е еден од најуспешните тенисери во историјата на турнирот во Пекинг, каде што досега има освоено шест титули. Тој триумфираше во 2009, 2010, 2012, 2013, 2014 и 2015 година












