четврток, септември 17, 2026
Дома БАЛКАН Државјанин на БиХ по 32-ри пат пред судот во Нант: Тврди дека...

Државјанин на БиХ по 32-ри пат пред судот во Нант: Тврди дека е син на Супермен од Јупитер

46

Кривичен суд во Нант, Франција, осуди државјанин на Босна и Херцеговина на 10 месеци затвор, со одредба за продолжен притвор. Тој се појави пред судот по 32-ри пат, каде што претходно бил осудуван во повеќе наврати. Во овој последен случај, се теретеше за низа кражби извршени во продавници во центарот на градот.

Овој 41-годишник за време на судењето се бранеше со тврдење дека доаѓа од планетата Јупитер и дека е син на Супермен.

Сепак, според медиумските извештаи, станува збор за човек со повремени шизофрени епизоди.

Ова судење е дури негово 32-ро појавување пред судот за слични кривични дела.

Иако неговата одбрана се повикуваше на шизофрените епизоди, од судот во Нант соопштија дека судот проценил оти неговата пресметливост во моментот на извршувањето на кривичните дела не била целосно намалена, поради што е прогласен за правно одговорен за кражбите.

ИЗДВОЕНИ