сабота, јуни 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Македонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини

Македонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини

36

Македонија и Албанија денеска ќе го официјализираат договорот за воспоставување заеднички гранични премини, со што комплетно се заокружува системот „One Stop“ со соседните земји кои се надвор од Шенген зоната.

Оваа информација ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на презентацијата на отчетот за сработеното во изминатиот период.

Министерот Тошковски во својата изјава потенцираше:

„Денеска потпишуваме договор со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини. Со ова го заокружуваме системот One Stop со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово“

Од Секторот за внатрешни работи Охрид информираат дека потпишувањето на официјалниот документ е предвидено за 14 часот, а за локација е избран граничниот премин Блато.

Договорот со кој се предвидува спроведување на заеднички гранични контроли меѓу двете држави ќе го потпишат македонскиот министер Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари.

Веднаш по завршувањето на официјалната процедура за потпишување, предвидено е двајцата министри да дадат изјави за медиумите.

ИЗДВОЕНИ