Поранешниот кошаркар на Атланта, Китон Волас, би можел да ја продолжи кариерата во Евролигата откако Макаби Тел Авив покажа сериозен интерес за негов ангажман.

Според „Баскет њуз“, израелскиот великан го гледа 27-годишниот Американец како важно засилување во бековската линија за сезоната 2026/2027.

Волас ги мина изминатите две сезони во НБА во дресот на Атланта, каде што постепено избори место во ротацијата. Минатата сезона имаше просек од 3,5 поени, 1,1 скока и 1,8 асистенции за десет минути на натпревар, со 37,3 проценти успешност во шутот за три поени.

Најдобриот настап го имаше против Лос Анџелес лејкерс, кога постигна 14 поени и запиша седум асистенции, додека во дебитантската сезона постави личен рекорд од 27 поени против Чикаго булс и го оствари својот прв НБА трипл-дабл против Орландо меџик.

Иако не беше избран на НБА-драфтот во 2021 година, со напорна работа успеа да стигне до најсилната лига во светот, а сега е блиску до првиот европски предизвик во кариерата.

ИЗДВОЕНИ