понеделник, септември 21, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Македонските аеродроми со најбрз раст на бројот на патници во регионот

Македонските аеродроми со најбрз раст на бројот на патници во регионот

33

Македонските аеродроми бележат најбрз раст на бројот на патници во регионот, покажуваат податоците на операторот на двата меѓународни аеродроми и на Министерството за транспорт, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, позитивните показатели се потврдени и во анализите на Светската банка, каде што се нотира напредок и во туристичкиот сектор.

– Она што охрабрува се податоците што ги пренесе операторот на двата меѓународни аеродроми, а истото го потврди и Министерството за транспорт: двата аеродроми се најбрзорастечки во регионот по бројот на патници. И Светската банка, во делот за туризмот, го потенцира тоа. Тоа е добра вест за граѓаните и за сите што ѝ мислат добро на државата – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека во првите седум месеци од годинава бројот на летови и на патници е зголемен за 20, 30, па дури и за 40 проценти во споредба со истиот период лани.

– Тоа е навистина значаен резултат и нè мотивира да продолжиме во таа насока. Туризмот е еден од приоритетите на Владата, а тоа се гледа и преку зголемениот број посетители, особено во Охрид, но и низ целата држава – рече премиерот.

 

ИЗДВОЕНИ