среда, јуни 17, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА М-таговите ќе се продаваат во двата мобилни оператори

М-таговите ќе се продаваат во двата мобилни оператори

502

ЈП за Државни патишта ја проширува мрежата за продажба на М-таговите. Според директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, отсега М-таг уредот може да се набави во продажни салони на двата мобилни опеаратори низ целата држава, наместо досегашната практика за набавка на уредите на наплатните станици низ дражава или во просториите на ЈПДП во Центар.

– Ја прошируваме мрежата за продажба на М-таг уреди преку соработка со А1 Македонија и Македонски Телеком. Отсега М-таг уредот може да го набавите во нивните продажни салони низ целата држава – наместо досегашната практика за набавка на уредите на наплатните станици низ дражава или во просториите на ЈПДП во Центар. Целта на оваа соработка за која денеска информиравме со директорите на А1 Македонија, Методија Мирчев, и на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, е услугата да биде подостапна за граѓаните, модернизација и стимулирање на електронската наплата која обезбедува побрз проток на возилата, ја зголемуваме безбедноста и, што е најважно, ги елиминираме можностите за злоупотреба на системот затоа што имаме минимално човечко присуство во наплатата – истакна Трајановски.

М-таговите ќе може да се купат на 24 рати за месечен износ од 49 денари, а наплатата на патарините ќе се врши преку банкарската сметка на корисникот или преку сметката за мобилни услуги. Со регистрација на веб-страницата на мобилниот оператор корисникот ќе може да избере дали М-тагот да биде врзан со неговата кредитна или дебитна картичка и со секое поминување на патарина ќе биде наплатена сумата или доколку сака, ќе има опција наплатата за проаѓање патарина да биде на нивната телекомуникациска сметка.

Тој потсети дека ЈПДП започна со доградба на наплатната станица Миладиновци за да се отстрани „тесното грло“ и до завршување на работите, Трајановски апелира да се користи патарината Петровец.

ИЗДВОЕНИ