Албанскиот премиер Еди Рама повторно упати повик за дијалог со студентите, притоа поставувајќи камена маса пред зградата на неговиот кабинет, на која остави букви што го формираат зборот „Дијалог“.
„Добро утро“, напиша Рама на социјалните мрежи, повторувајќи дека е подготвен да разговара со секој што верува во дијалог и во изнаоѓање решенија преку комуникација – во секое време и на секое место – пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania).
Досега, демонстрантите ја одбиваат неговата покана за разговор.












